Зголемени трошоците во градежништвото

– Во првиот квартал годинава во споредба со четвртото тримесечје од минатата година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 2,4 проценти, трошоците за материјали за 4,6  проценти, додека трошоците за вработените се пониски за 1,7 проценти.

Како што објави денеска Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2021 година, во споредба со истиот период лани, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 5,1 процент, трошоците за материјали за 4,5 проценти, а трошоците за вработените за 6,5 проценти.

Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори.

Back to top button
Close