Жан-Лук Меланшон го критикиува Емануел Макорн: „Не треба претседателот да ја води предизборната кампања за парламентарните избори”


Поранешниот претседателски кандидат на ЛФИ (Бунтовна Франција) го критикуваше Емануел Макрон за „патувања во Франција со изговор”, неколку дена пред првиот круг на законодавните избори, јави дописникот на МИА.

-Не е претседателот тој што треба да ја води парламентарната кампања”, изјави Жан-Лук Меланшон, како одговор на говорот на Емануел Макрон во Тарн, изразувајќи жалење за „сите видови непотребна агресија” врз него, што одразува „слабоста” на приврзаниците на претседателот.

Емануел Макрон ги критикуваше „екстремните” сили кои „предлагаат да се додаде криза на кризата со враќање на големите историски избори на француската нација”, барајќи од Французите да му дадат „силно и јасно мнозинство” на законодавните избори.

Жан-Лук Меланшон, од седиштето на ЛФИ, еден час подоцна „го осуди третманот на кој се соочува француската демократија”:

-Не е на претседателот на Републиката да ја води законодавната кампања што неговите пријатели не можат да ја водат, тоа е доолжност на шефот на владата”.

Тој понатаму инсистираше: „Улогата на шефот на државата не е да го спасува сплавот на медузата”. Затоа што во негови очи, Емануел Макрон, со инаугурацијата на доџо во Сена-Сен Дени еден ден претходно и посветувајќи патување на прашања посветени на безбедноста во руралните области во четвртокот, направи „патувања со изговор”.

Жан-Лук Меланшон реагираше и на прекорите на претседателот, кој изјави дека не може да „прими” дека ги „навредуваме” жандармите и полицијата, по контроверзноста предизвикана од забелешките на Бунтовна Франција за „полицијата што убива”. Тој возврати: „Никој не ја навреди полицијата, но јас ја презедов одговорноста, заедно со другите, да ја осудиме доктрината за употреба (на сила) што доведе до насилство на Стад де Франс, до брутализација на патниците на Источната станица во Париз, што предизвика четири смртни случаи за четири месеци поради одбивање да се застани за контрола, апсолутен знак за неуспех”. Но, „сум смирен затоа што тој изрази барање за почитување на етичките правила” на полицијата, истакна Жан-Лук Меланшон.

Сепак, тој го предупреди претседателот: „Крајно е сериозно да се обвинуваат неговите противници за слабеење на единството на земјата”, како што направи без да ги именува Жан-Лук Меланшон или Марин Ле Пен. „Демократијата не ја ослабува унитарноста на земјата, опозицијата се противи “, додаде тој.

Поранешниот несреќен претседателски кандидат побара во неделата „земјата да му го даде на претседателот на Републиката негодувањето што го заслужува” гласајќи за кандидатите на Нупес (Бунтовници,Социјалисти,Зелени, Комунисти). Коалицијата ја загрозува, во неколку анкети, можноста претседателскиот табор да добие апсолутно мнозинство во Националното собрание. А Жан-Лук Меланшон дури се надева дека ќе го освои мнозинството и ќе биде назначен за премиер

Back to top button
Close