Жена починала на скопската обиколница, се утврдува дали се движела пеш или паднала од надвозник
Јавен обвинител и полициски екипи истражуваат како вчера на скопската обиколница дошло до смрт на една жена.
Како што информираат од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, се работи на утврдување на точните причини и околностите под кои се случил настанот.
Имено, се утврдува дали сега починатата жена се движела пеш по коловозот или, пак, паднала од надвозникот. Во тој момент, се вели во описот од Обвинителство, на неа налетал автомобил што се движел по обиколницата, а кој возел во ноќни услови и со намалена видливост на патот.
По несреќата, на возачот на автомобилот му бил направен алкотест, при што било утврдено дека не возел под дејство на алкохол.
Од Обвинителството велат дека е издадена наредба за обдукција на телото на починатата и дека се прибрани траги и материјални докази што ќе бидат предмет на вештачење.
Со цел да се испитаат сите околности, од ОЈО велат дека се разговара и со очевидци на настанот