Жена се породила во автобус во Истанбул

Турчинка се породила во автобус кој сообраќал низ Истанбул. Имено, Ханифе и нејзиниот сопруг, кои живеат во западниот дел на Истанбул, биле на пат да завршат некоја работа кога ѝ пукнал воденикот. Двојката залудно се обидувала да најде такси за да оди во болница, па се качиле во автобус.

Болките на младата жена биле интензивни, а возачот на автобусот увидувајќи ја критичноста на ситуацијата, го запрел возилото, ги замолил другите патници да се симнат, а Ханифе со помош на нејзиниот сопруг го родила синот на подот од автобусот.

Пораѓањето го снимила безбедносната камера на возилото и видеото стана сензација во Турција поради смиреноста на брачната двојка, но и на возачот.

Ова е петто дете за парот. Бебето и неговата мајка се здрави и по авантурата се пренесени во локално породилиште

Back to top button
Close