Жените кои тврдеа дека Брижит Макрон е маж треба да и платат отштета

Првата дама на Франција, Брижит Макрон, во февруари годинава тужеше две жени бидејќи тврдеа дека е родена како маж, а сега тие се казнети за клевета.

Жените тврделе дека сопругата на францускиот претседател всушност е родена како Жан-Мишел Троние, пред конечно да почне да живее како жена на 30-годишна возраст. Покрај тоа, тие тврдеа дека таа не родила ниту едно од нејзините три деца и тврдеа дека нејзиниот прв сопруг, 69-годишен пензиониран банкар, кој наводно починал како пустиник во 2020 година, никогаш не постоел.

Судот сега пресуди дека гласините се лажни и нареди дека Амандин Рој, 52-годишна самопрогласена спиритуалистка и Наташа Реј (48), која се претставува како хонорарна новинарка, мора да платат отштета од 8.000 евра на првата дама на Франција за лажните тврдења.

 

Back to top button
Close