Жерновски: Битно е КОЈ си, а не ШТО си

Скопје, 12 јуни 2020

Навистина ми е жал што колегите од ДУИ одлучија да ја вратат на репертоар старата винил плоча со политиката на етнички-поделени-граѓани, каде не е битно кој си, туку што си. Зарем не е тоа платформа на минатото, а не на иднината? Зарем не ја оставивме позади нас поделбата на “наши” и “ваши”?

Постоечкиот концептот на “Едно општество за сите”, како визија на СДСМ и Заев, не препознава разлики помеѓу етничките заедници, ниту помеѓу разните општествени малцински или маргинализирани групи.

Станавме членка на НАТО и започнуваме преговори со ЕУ токму благодарение и на таквиот начин на размислување како современа и демократска држава, која е мозаик од различности.
Нашата основна задача беше и е да градиме толерантно општество и интегрирана држава, како предуслов за заедничкиот просперитет.

Мене не ми е битно дали мојот пријател, комшија, премиер, омилен артист или спортист е Македонец или Албанец? Може да биде и Турчин, Србин, Ром, Бошњак, Влав…

Ги сакам и Пандев и Елмас.
Се дружам и со Бени, и со Перо.
Не гледам на кого се молат, туку какви вредности имаат.
Таква е денес мојата држава. Таква треба и да остане.

Андреј Жерновски 

Back to top button
Close