Зошто да не фискална амнестија?!

И покрај економските мерки за справување со последиците предизвикани од здравствената криза Ковид-19, сепак, граѓаните на Македонија немаат економска и финансиска стабилност.

 

Тие се во опасност да останат без работа секој ден, да завршат на извршител итн. Освен основните животни потреби, за да преживеат, повеќето од граѓаните на Македонија немаат повеќе можности, ниту за забава, ниту за повеќе луксуз. Како резултат на ваквата состојба, би било добро за Македонија да се изготви Закон за општа фискална амнестија, од каде би започнало рестартирањето и економскиот развој на државата.
Како и многу земји, и Северна Македонија се обиде да преземе мерки за ублажување на нејзините негативни ефекти врз економијата, подготвувајќи четири пакети мерки досега. Но, некои мерки беа поздравени од граѓаните, а некои не толку.
Не само фискалната амнестија, туку и во вакви вонредни кризни ситуации државата мора да се грижи за граѓаните. Не само во овој период, туку и за сите овие 30 години независна Македонија, сите влади паднаа на испитот. Ова е апсурдно! Би било штета ако политичките елити немаат заеднички јазик за донесување закон што ќе овозможи општа фискална амнестија.
Од почетокот на пандемијата до денес, Владата на Северна Македонија донесе низа економски мерки со високи финансиски трошоци, но сепак ефектот не е видлив. Во некои случаи и граѓаните и деловните субјекти се разочарани од нив. Според економските експерти, фискалната амнестија ќе биде „лек“ не само на економијата, туку и рестартирање и развој на нова просперитетна и интегрирана држава. Кога веќе се ребрендиравме, да се “ребрендираме” и економски…!

 

Дестан ЈОНУЗИ

Back to top button
Close