Денеска облачно време и дожд

Денеска нè очекува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд,а наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималните температури ќе се движат од 1 до 7 Целзиусови степени, а максималните од 7 до 17 степени.

И во Скопје времето ќе биде променливо облачно време со повремен дожд. Во делови од котлината во попладневните часови се очекува врнежите да бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер.

Максималната температура во Скопскиот регион ќе достигне 16 степени.

Променливо облачното и врнежливо време ќе се задржи и утре.

Back to top button
Close