28 годишна девојка хоспитализирана по компликации од вакцината Астра Зенека

Жена на возраст од 28 години од Македонија е хоспитализирана, откако се вакцинирала со вакцината АстраЗенека во Србија.
Ова денеска го истакна министерот за здравство, Венко Филипче, додавајќи дека немало претходни заболувања кај жената, а проблемите се појавиле после шест до седум дена од нејзиното вакцинирање.
-Ние – рече министерот – сепак ќе бидеме претпазливи и како што реков вакцината од Астра Зенека засега ке ги даваме на популација која е на возраст над 60 години, Според информациите кои ги добиваме од Германија и Канада.
Филипче нагласи дека кај лицата над 60 години нема несакани ефекти од Астра зенека како имуношока реакција на тромбоцитите.
Филипче истакна дека оваа информација не ја споделува за да создаде паника како што му забележаа новинарите но додаде “таман работа да криеме информации“ повторувајќи дека овој случај е единствен и дека немало друг случај со компликации кај сите други кои примиле вакцина од Астра Зенека во Србија.






