Почина првиот здравствен работник од Ковид-19 во С. Македонија

Фармацевтска комора на Македонија информира дека почина и првиот посветен здравствен работник од Ковид-19 во земјава.

 

 

Станува збор за фармацевтскиот работник Петар Мојсоски од село Подгoрци, Струга.

Според информациите од Фармацевтската комора, тој се заразил извршувајќи ги своите професионални должности, односно додека пружал здравствена заштита на своето работно место, во аптека. Тој починал на скопската Инфективна клиника.

Back to top button
Close