Неделков од СОНК за Бирн: Краен рок за повисоки плати на наставниците е 20 септември
БИРН: Што доколку нема решение да се зголеми платата годинава?
Неделков: Тогаш највисокиот орган на одлучување, Советот на СОНК ќе одржи седница, на која ќе расправа за преговорите и за евентуалните понудени можности и Советот ќе донесе одлука што понатаму. Во овој момент и премногу е рано, а и јас како претседател немам овластувања да кажам што понатаму, сè додека Советот не донесе одлука. Членството реагира со огромно незадоволство. Луѓето се револтирани. Тоа е и очекувано. Кога можеше цел јавен сектор од март досега да се усогласи, освен во образование и здравство, испаѓа дека овие дејности се најнебитни во општество за да имаат релативно најниски плати.
БИРН: До кога е рокот што ѝ го давате на владата за преговори?
Неделков: До средината на септември, поради тоа што по 20 септември се подготвува платата што се зема меѓу 10 и 15 октомври. Значи, реално, крајниот рок е меѓу 15 и 20 септември. Сите опции потоа, ако не се стигне до договор, се можни, но што ќе испадне од тоа, во овој момент не може да прејудицирам. Членството е незадоволно, меѓутоа кој чекор ќе го преземеме, не знаеме. Сè уште сме во преговори и можеби некакво алтернативно решение ќе се најде. Мислам дека синдикатот не е подготвен за одложување на покачувањето како алтернативно решение, но ајде да видиме што ќе биде на преговорите.
Целото интервју со председателот на СОНК на БИРН.МК