766 нови случаи, 31 починати и 1.118 оздравени од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 3.171 тестирања, а регистрирани се 766 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 252, Битола – 80, Куманово – 64, Прилеп – 41, Велес – 36, Струмица – 33, Штип – 28, Тетово – 27, Гостивар, Кавадарци и Охрид – по 26, Кочани – 23, Кичево и Гевгелија – по 13, Струга – 12, Свети Николе и Радовиш – по 10, Крива Паланка и Виница – по 6, Неготино – 5, Валандово, Богданци, Крушево и Демир Хисар – по 4, Берово – 3, Ресен, Делчево и Пехчево – по 2, Дебар, Кратово, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1, соопшти Министерството за здравство.

Регистрирани се 1.118 оздравени пациенти од: Скопје – 519, Битола – 101, Куманово – 87, Прилеп – 65, Велес – 54, Струмица – 48, Тетово – 43, Гевгелија – 30, Кичево – 26, Штип – 24, Кочани – 21, Дебар – 15, Гостивар – 14, Свети Николе и Виница – по 9, Ресен и Радовиш – по 8, Берово – 7, Дојран – 6, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар и Кратово – по 4, Македонски Брод – 3, Валандово – 2, Охрид, Демир Капија и Пехчево – по 1.

Пријавени се вкупно 31 починато лице: 8 од Скопје (70г, 71г , 76г, 76г, 78г, 79г, 80г, 80г), 4 починати лица од Битола (58г, 64г, 79г и 84г), 3 од Куманово (48г, 74г и 68г), по 2 лица од Гевгелија (68г и 73г), Кавадарци (69г и 80г) и Кочани (71г и 73г) и по едно лице од Велес (76г), Струга (74г), Гостивар (61г), Дебар (78г), Кичево (66г), Охрид (71г), Прилеп (81г), Струмица (59г), Тетово (61г) и Штип (66г). Од починатите пациенти, едно лице е починато во домашни услови, а останатите 30 лица во болнички услови.

Направени се 3.171 тест преку: ИЈЗ-566, ЦЈЗ Скопје-62, ЦЈЗ Битола-85, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-5, лабораторија болница Козле-4, УК Пулмологија со алергологија–6, ГОБ 8-ми Септември-8, Институт за микробиологија–0, МАНУ-136, Жан Митрев (Филип Втори)-123, Авицена-171, Биотек-264, Систина-236, лабораторија Лаор-149, Синлаб – 44, Ремедика-53, Плодност – 58, Генеа – 3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.196.

Досега во земјата се направени вкупно 695.267 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 147.995, бројката на оздравени пациенти е 124.828, на починати е 4.509, а бројот на активни случаи изнесува 18.658.

Back to top button
Close