Во Грција регистрирани 1.044 нови случаи, починаа 85 лица од Ковид-19
– Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 1.044 нови случаи на Ковид-19, а почина уште 85 лица, според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје, јави дописничката на МИА од Атина.
На денешната редовна прес конференција за ситуацијата со Ковид-19 во земјата, професорката епидемиолог и член на надлежната комисија Вана Папаевангелу рече дека и понатаму продолжува притисокот на Одделите за интензивна нега во северна Грција, иако епидемиолошките податоци покажуваат намалување, како во однос на процентот позитивни случаи од направените тестови, така и во однос на индексот Рт што е под еден.
Папаевангелу истакна дека е јасно дека „мерките не се почитуваат од сите, го гледаме тоа од движењето на улиците“.
Професорот епидемиолог Гикас Мајоркинис рече дека бројот на новозаразени во измината седмица во Солун е намален за 20, а во Атина за 30 отсто, но сепак дека е висок е бројот на активни случаи и е на исто ниво како и на почетокот од месецов.
Од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 105.271 случаи, а почина 2.406 лица.