Турција воведува полициски час и целосно „заклучување“ за викенд

Турската Влада од утре воведува полициски час од 21 до 5 часот во работните денови, и целосно „заклучување“ за време на викенд, односно од 21 часот во петок до 5 часот во понеделник.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека мерката се носи со цел спречување на ширењето на коронавирусот.

Новите построги антиепидемиски мерки стапуваат во сила утре, а ослободени ќе бидат само некои сектори како што се снабдување и производство.

Осми ден по ред, во Турција се регистрира рекорден дневен број на смртни случаи од коронавирусот.

Во последните 24 часа, според податоците на Министерството за здравство, починале 188 лица, а потврдени се 31.219 нови случаи, што е исто така највисоко за еден ден од почетокот на епидемијата

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close