Црногорскиот Парламент денеска избира нова влада

Во Подгорица денеска ќе се одржи седница на Парламентот на чиј дневен ред е избор на 42. црногорска влада, предложена од мандатарот Здравко Кривокапиќ.

Кривокапиќ во понеделникот му го достави на Парламентот експозето, во кое на 51 страница наведува дека приоритетите на идната влада се борба против корупцијата и криминалот, правдата и рамноправноста, добрососедските односи со земјите од опкружувањето, гарантирање фер изборни услови, намалување на трошоците за јавна потрошувачка, создавање доверба од јавноста и целосна транспарентност за работата на државната администрација. Меѓу приоритетите се и мерките за економско закрепнување и поддршка на стопанството по пандемијата на коронавирусот.

Смета дека состојбата која тој и неговите 12 министри ја затекнуваат може со право да се нарече еден вид „државен удар“.

– Власта во заминување применила и спроведува сценарио на заостаната земја, со цел дополнително да ни ја проблематизира работата, но тоа не не поколеба и свесни сме дека постоечката криза може да се надмине само со реформи, чесно и домаќинско раководење, со знаење и перманентна работа на јакнење на економијата и унапредување на владеењето на правото, наведува, меѓу другото, Кривокапиќ.

Новата црногорска влада ќе има еден потпретседател, лидерот на УРА Дритан Абазовиќ, и 12 министри.

Back to top button
Close