Суд во Хаг: Правдата ќе биде задоволена

Претседателката на Специјалното обвинителство за Косово во Хаг, Екатерина Трендафилова изјави дека ќе обезбеди правдата да биде задоволена, додавајќи дека работата на Судот, одлуките и пресудите „ќе зборуваат сами за себе“.

– Специјалните обвинителства функционираат без нечие влијание и мешање, политичко или какво било друго. Обвинителствата и нивните судии се независни, не постапуваат според ничии упатства и работат според законот. Тројцата раководители и сите судии дадоа свечена изјава дека својата должност ќе ја извршуваат независно и непристрасно. Секое кршење на таа обврска ќе подлежи на релевантни дисциплински механизми, истакна Трендафилова во интервју за „Политика“.

Во притворот во Шевенинген се наоѓаат седуммина команданти и ветерани на Ослободителната војска на Косово (ОВК), меѓу кои е и Хашим Тачи.

– Постојат обиди да се поткопа легитимитетот на Судот во Хаг, но тоа не е ништо ново и секогаш ќе постои. Нема да влегуваме во никакви политички дебати, туку ќе се сконцентрираме само на она што му е мандат на Специјалното обвинителство за Косово, а тоа е да обезбедиме правдата да биде задоволена, нагласи таа.

Претседателката на Специјалното обвинителство за Косово додаде дека Судот настојува јавноста да биде информирана точно, навремено и на транспарентен начин.

Запрашана да го коментира ставот во јавноста дека на работата на Судот влијаат меѓународни интереси и налози, пред се на САД, како и дека обвиненијата се дел од идниот компромис во врска со српското признавање на Косово, Трендафилова одговори дека „Специјалното обвинителство за Косово е судска установа, а не политичка институција. Не постапуваме според ничии упатства“.

– Тоа е суд кој е основан согласно договорот кој го ратификуваше косовскиот Парламент и се фокусира исклучиво на водење безбедни, правични, непристрасни и независни судски постапки. Мандатот на Специјалното обвинителство е да обезбеди да се изведат одговорните лице пред правдата, а правдата да биде задоволена согласно највисоките стандарди, по темелни анализи поткрепени со докази. Прашањето за признавање на Косово и односите меѓу Косово и Србија, не спаѓа во мандатот на овој суд, изјави Трендафилова.

Таа, исто така, истакна дека безбедноста на жртвите и сведоците е од најголемо значење, додавајќи дека постои специјална служба чија задача е да им овозможи заштита и поддршка пред, во текот и по судскиот процес

Back to top button
Close