Клучот од занданата во која починал Наполеон, продаден за 92.000 евра

– Клуч од занданата во која починал Наполеон Први Бонапарта, додека бил во заточеништво на британскиот остров Света Елена, е продаден на аукција во Лондон за 81.900 фунти (92.000 евра).


Еден војник, по име Чарлс Ричард Форд, кој бил на Света Елена по смртта на францускиот император во 1821 година, го зел клучот и го однел во Шкотска за да ѝ го подари на мајка сѝ, инаку голема обожавателка на Наполеон, која му испраќала слатки и книги на императорот за време на неговото заточеништво.