Лекарска комора заклучила дека нема лекарска грешка кај доктор Асани кој на родилка и извади матка, бубрег и јајник
МИнистерот за здравство, Венко Филипче во гостувањето во емисијата Утрински брифинг изјави дека стручниот надзор на Лекарската комора спроведен за гинекологот и директор на струшката болница доктор Мухамед Асани покажале дека немало пропуст во лекарската интервенција кога на родилката Веапоска Јалдз и биле отстранети матката, бубрегот и јајникот.

– Стигна извештајот од Лекарска комора, не нашле пропуст во стручниот надзор, рече Филипче.






