„Ла Верита – Обидот за набавка на вакцини бил преку фирма од Хонг Конг без фармацевтско портфолио
„Ла Верита“ втор ден објавува написи поврзани со набавката на кинески вакцини во нашата земја.

Денеска, објавува два документи – писма од министерот за здравство Венко Филипче адресирани до кинеската компанија „Синофарм“ од 25 декември лани и од 25 јануари годинава.објавува два документи – писма од министерот за здравство Венко Филипче адресирани до кинеската компанија „Синофарм“ од 25 декември лани и од 25 јануари годинава.

Oна што весникот го истакнува како проблематично е содржината на второто писмо во кое компанијата, односно Кина, се ослободува од каква било одговорност од евентуални негативни последици од употребата на вакцината. Ова, според „Ла верита“, е спротивно на многу меѓународни конвенции и претставува кршење на основната институционална мисија, а тоа е заштитата на здравјето на своите граѓани.
Обете писма на Филипче кои денеска ги објавува „Ла Верита“ оделе преку фирмата „Старби интернешнл“ (Starbi International) од Хонг Конг, основана во 2017 година, без информации забројот на вработени и без медицинско ниту фармацевтско портфолио.
…






