Одлично- напишал по прегледот кардиологот кој го прегледал Камчев на негово барање

Бизнисменот Орце Камчев кој е во притвор во затворот Шутка денеска затворскиот лекар на кој му се пожалил го упатил на преглед на државната кардиологија,јави тв Телма.
По прегледот кардиологот напишал дека бизнисменот е во одлична здравствена состојба. Адвокатот на Камчев Тони Менкиновски кој му е бранител во обвинението “плацеви на Водно“ за телевизијата потврдил дека утре ке го посети Камчев без да потврди дали е информиран дека денеска на неговиот штитеник денеска на негово барање му бил направен лекарски преглед на државната клиника за кардиологија.
Вчера преку медиумите од бранителскиот тим на Камчев апелираа дека врз обвинетиот во притвор наводно му се врши тортура,сместен бил во мала просторија во која немало светлина и свеж воздух и дека не добивал доволно питка вода. Директорот на затворот Шутка Андонов ги демантираше овие наводи и изјави дека тој е сместен сам во просторија која е за двајца,сеуште е во приемното оделение заради пандемијата а дека лично Камчев одбивал да излезе надвор на свеж воздух.






