Владата ги демантира обвинувањата: Милошоски манипулира. Нема „ВИП-вакцинација“
Владата ги демантира обвинувањата за „ВИП-вакцинација“ против ковид-19 откако пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски и неколку портали, повикувајќи се на текст објавен од албанскиот медиум „Њуз 1“, обвинија дека министрите Мила Царовска, Бојан Маричиќ и Артан Груби се вакцинирале преку ред.

Во текстот се посочуваат неколку примери за вакцинирање на политичари преку ред во повеќе земји, а во делот за Македонија се вели:
„Постојат слични шпекулации за ВИП-вакцинација на Балканот, a последните денови информациите за тоа доаѓаат од С Македонија, која е негативен лидер според бројот на заразени и починати. Земјата ја потресе и скандалот околу сомнителните обиди да се купат вакцини преку посредници за двојна цена. Во оваа земја се шпекулира дека ВИП-вакцинацијата е обезбедена преку министерката за образование Мила Царовска, министерот за правда Бојан Маричиќ и вицепремиерот Артан Груби- стои во текстот на албанскиот „Њус 1”.
Веста ја сподели пратеникот Милошоски со порака : Медиум од Албанија: Царовска, Груби и Маричиќ преку ред добиле ВИП-вакцинација. Со ваков наслов, веста ја споделија и повеќе портали.






