Николовски: За Димовска има кривична пријава, за Рашковски институциите истражуваат

Финансовата полиција поднесе кривична пријава за злоупoтреба, а за Рашковски сите документи им се дадени на институциите околу набавката на софтверот.

Тие постапуваат и ако се утврди злоупотреба и кај него, секако дека, според кодексот на етичност на функционерите, ќе побарам разрешување, одговори вицепремиерот Љупчо Николовски на прашање зошто не постапува исто како за Димовска, и за секретарот во владата Драги Рашковски.

Инаку случајот со софтверот на Драги Рашковски ја разбранува јавноста особено што тој во ек на аферата околу набавениот софтвер замина со семејството на годишен одмор во Мексико и најави дека аранжманот му е до 31-ви овој месец.

Back to top button
Close