611 санкции за неносење маска

– МВР соопшти дека од 22.00 синоќа до 5.00 часот утрово 21 лице не ја почитувало забраната за движење.
Во текот на изминатото деноноќие, пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 611 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19.