„Куќа на смртта“ во Балтимор, САД, се продава за 225.000 долари

– Куќа во Балтимор, Мериленд, САД, којашто навистина изгледа морничаво и според многумина – морбидно, се нуди на продажба. Цената е 225.000 американски долари.

Куќата има специфична декоративна тема… Во дневната соба доминира црната боја, а во неа има ковчези, мебел од црна кожа, скулптура на „Смртта“, фотографии од гилотини, погреби, сцени од хорор-филмови, како и црни дресови на Лас Вегас Рајдерс. Во кујната, исто така, сѐ е во знакот на црното – фрижидерот, масата столиците, вратичките, а трпезаријата е „украсена“ со дресови и шлемови на Рајдерс.

На горниот кат има спална соба со голем кревет, а телевизорот е фиксиран на таванот. Во оваа просторија има и неколку огледала, а на страните на креветот има два крста. Подрумот е, веќе претпоставувате – црн, а во него има две црни кожни фотелји поставени пред телевизор.

Околината на куќата е исто така – морничава, украсена како гробишта, со лажни гробници и надгробни камења, но има и шпајз и бар на отворено. Куќата е дизајнирана од сегашниот сопственик Били.

Back to top button
Close