Разузнавачкиот документ не бил доказ за притворот за Камчев

Тој документ не беше воопшто во доказна постапка. Тоj беше меѓу другите услови што обвинителката Лиле Стефановска ги има наведено за определување притвор – изјави шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска за „Слободен печат“.
Објавeната таинствена белешка на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) во која се опишува следењето на бизнисмен Јордан Камчев, воопшто не била дел од доказната постапка во која на Камчев му е одреден притвор од 60 дена – изјави шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска за „Слободен печат“.
– Тој документ не беше воопшто во доказна постапка. Тоа беше меѓу другите услови што колешката Лиле Стефанова ги има наведено за определување на притвор. Не беше единствено таа белешка, според тоа, како што ми е пренесено од колешката, јас сега не го знам предметот, но и има други основи. Така што, таа не е доказ во постапката. Тој документ нема потреба да се користи понатаму. Таа не е доказ за кривичното дело, во предметот – рече Рускоска.
Објавениот разузнавачкиот документ со архивски број 02-545/1 од 14.3.2021 година и со назнаката „строго доверливо“ е потпишан од директорот на АНБ, Виктор Димовски. Документот беше објавен на фејсбук-страницата на Зоран Божиновски – Буревесник.
Во информацијата на АНБ се спомнува наводна средба на Камчев и на неговата пријателка Наташа Савова со „припадник на странска служба за безбедност“, во периодот од 12 до 14 февруари годинава, во хотелски комплекс во Берово.
Се наведува дека на средбата се разговарало за реализација на бегството на Камчев во Бугарија, каде што, како што авторите „имале сознанија“, Камчев поседува приватна болница и други бизниси, како и стан во кој може да се смести..
Преземено од Слободен печат






