Протераниот руски дипломат се обидел да врбува двајца наши дипломати да шпиунираат за Русија

Протераниот руски дипломат направил престап кој се коси со виенската конвенција за дипломатија и претставува дрзок непријателски чин кон нашата земја, информира порталот Мактел повикувајќи се на извори во македонската дипломатија.

Имено, на еден дипломатски прием, дипломатот им пришол на двајца наши дипломати од МНР и почнал да ги убедува да почнат да работат тајно за Русија, да оддаваат тајни, да репортираат за средби на министерот Османи и други доверливи информации од нашето МНР но и други државни информации од стратешко значење за нашата земја. Нашите дипломати биле запрепастени од тоа што го слушнале од рускиот дипломат.

По таа средба, рускиот дипломат непоканет сам си доаѓал во МНР влегувал од споредни влезови како натрапник и одел во кабинетите на двајцата дипломати и продолжил со предлозите и врбувањето да работат за Руската држава.

Двајцата дипломати веднаш случајот го пријавиле на своите претпоставени по што бил известен целиот државен врв и се донела заедничка одлука дека такво однесување не смее да остане неказнето затоа што Русија евентуалниот молк од МНР ќе го сфатела како тивко одобрување на такви непријателски шпионски активности на руски диоломати во руската амбасада во Скопје.

повеќе

Back to top button
Close