Пронајден хероин, кривична пријава против три лица
– Поднесена е кривична пријава против три лица од Скопје кај кои при претрес над нив пронајдени се 60 грама хероин и марихуана.
Од МВР соопштија дека во село Кадрифаково, светиниколско од полициски службеници од ПС за БПС Штип биле лишени од слобода М.Ф.(27), Ф.Р.(40) и Љ.И.(25), сите од Скопје, бидејќи при извршен преглед над нив и патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки во кое се превезувале, биле пронајдени 60 грама хероин, како и марихуана.
Во текот на денот ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка.