Се бара укинување на „службена тајна“ во Македонија: „Стапуваат во брак, а потоа преку ДНК дознаваат дека се брат и сестра!“

Податоците за заснованите посвојувања се службена тајна, гласи членот 123- а од Законот за семејство. Укинување на овој член побараа од невладината организација „ Градиме иднина“, со цел, како што рекоа, посвоените деца откако ќе наполнат 18 години да имаат право на увид во Книгата на родените, за да ги дознаат биолошките родители. Според Јовановиќ од „ Градиме иднина“, со укинувањето на овој член ќе се избегнат и други несакани ситуации.
„Ова го поттикуваме за да не дозволиме браќа, сестри, роднини од прво, второ и трето колено да стапат во љубовна врска. Си имаат запознавање меѓу нив, стапуваат во брак. После некое време преку нивната ДНК дознаваат дека тие всушност биле брат и сестра и разделени од нивното посвојување“, вели Илија Јовановиќ- „ Градиме иднина“
Во Македонија меѓусебе се бараат 90 до 95 000 лица, откриле од невладината при спроведено истражување. Дел од нив се посвоени во земјите од поранешна Југославија зашто законот овозможувал и странци да бидат посвоители. А, документацијата за оригиналниот идентитет на посвоените ја нема. За тоа ќе бидат информирани надлежните, вели Јовановиќ.
„Исчезнување на медицинска документи, на мајчинската книшка, алките, бројчињата на родилката и на доенчињата. Но, тоа истражување ќе се промовира во релевантните институции“, рече тој.
Членот 123- а од Законот за семејство е на сила од пред 24 години, кога во Србија изби аферата за крадени бебиња од болниците, во 80 -тите години на минатиот век, рече Радиша Павловиќ од Државната комисија за собирање факти за статусот на новороденчињата за кои има сомнежи дека биле исчезнати од родилиштата во Србија.
„Имајќи предвид дека живеевме во заедничка држава некој се сетил , и ние имаме информации дека децата кои се земени од Србија преку некои центри , во Македонија се посвојувани, па повторно враќани во Србија“, рече Радиша Павловиќ-претседател на Државната комисија за исчезнати новороденчиња во Србија.
Имајќи предвид дека живеевме во заедничка држава некој се сетил , и ние имаме информации дека децата кои се земени од Србија преку некои центри , во Македонија се посвојувани, па повторно враќани во Србија“, рече Радиша Павловиќ-претседател на Државната комисија за исчезнати новороденчиња во Србија.
„Многу голем процент на движење на децата меѓу Македонија и Србија. Меѓу Хрватска и Србија. Потоа доаѓа Словенија. Но, во принцип Македонија и Хрватска се најмногу“, рече Миланка Момчиловиќ- член на Државната Комисија за исчезнати новороденчиња во Србија.
Скопјанката Мирјана Митревска е единствен случај во Македонија на добиена пресуда во нејзина корист од Судот за човекови права во Стразбур , пред две години, за поднесена тужба поради членот 123- а од Законот за семејство. Судот се повикал на членот 7 од Конвенцијата за заштита на човековите права, кој што гарантира почитување на приватниот и семејниот живот.
Министерството за социјална политика има формирано работна група за измени и дополнување на Законот за семејство каде се разгледува можност од измени и дополнувања на членот 123 а – рекоа од ресорот за Телма по денешната средба со Јовановиќ од „ Градиме иднина“ и неговите гости од Србија и Словенија.






