Заев: Со новиот Закон го штитиме земјоделското земјиште од злоупотреби и недоречености

Со новиот закон за продажба на земјоделско земјиште дефинитивно го штитиме земјоделското земјиште од секаков вид на недоречености или злоупотреби при управување на администрацијата со менаџментот на земјоделското земјиште. Ниту еден земјоделец нема да изгуби земјоделско земјиште што го користи од државата, рече денеска претседателот на Владата Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање од Лидија Тасевска од СДСМ.

Секој индивидуален земјоделец или правен субјект што е концесионер на државно земјоделско земјиште, појаснува Заев, може да избере да го купи земјоделското земјиште или да продолжи да го користи на концесија. Не може, вели тој, државата да му наметне или да биде на друг дадено и не може на друг начин да се манипулира.

– Со овој закон даваме можност за развој на земјоделството. Со новиот закон ќе се овозможи секоја педа обработливо државно земјоделско земјиште да биде во функција, а тоа е најголемата цел на овој закон. Ќе се продаваат само 50 илјади хектари, а не сите 130 илјади, вели Заев, додавајќи дека земјоделското земјиште согласно новиот закон не може да биде препродавано,дарувано, разменето или трансформирано во градежно земјиште.

Цените од 20 до 60 денари по метар квадратен, додаде тој, кореспондираат со пазарната вредност на земјоделското земјиште во РСМ.

– На странски правни лица нема продажба, само нашите граѓани ќе можат да го купат или правен субјект сопственост на РСМ, овде регистриран. Приходите што ќе се остварат се проценуваат од 200 до 500 милиони евра, но не го правиме ова за приход, заклучи Заев.

Во однос на прашањето како тече реализацијата на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година, Заев рече дека со овој план се утврдени програмите, мерките и услугите за вработување кои ќе обезбедат создавање нови работни места, поддршка за креирање нови работни места и зголемување на вработливоста. За оперативниот план, информира тој, се обезбедени 1.516.010.000 денари, а ќе бидат опфатени 10.279 лица.

– Економските податоци навистина се добри, охрабрувачки, и тоа го потенцирам и потврдувам за да охрабрам дополнително граѓаните а вложуваат инвеститорите домашни да вложуваат затоа што на тој начин ќе расте БДП, екоонмскиот стандард на народот ќе се отвораат нови работни места и ќе го зголемиме девизниот прилив на државата од зголемен извоз. Индустриското  производство навистина има раст од 7,6 процнети, индексот на прометот во индустријата во март има раст на 27,1 отсто, извозот е зголемен за 18,1 отсто, просечната пата зголемена за 6,8 посто…Овие пет месеци имаме 200 милиони евра повеќе наплатено приходи само од Управата за приходи и царина, во споредба со првите пет месеци од 2020 година каде од првите пет месеци 2020 година 2,5 месеци немаше корона криза, рече Заев.

Сите инвестиции реализирани досега во државата, како и економските политики, според Заев носат економски раст, работни места, поголеми, плати и пензии, извоз надвор од државата, девизен прилив и сето тоа, како што рече, го јакне стандардот на нашиот народ.

Back to top button
Close