Милошоски оди во самоизолација до 6 јули

Антонио Милошоски, кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, информира дека ќе биде во самоизолација до 6 јули, по препорака на надлежен епидемиолог, откако неговата мајка Светлана Милошоска, медицинска сестра вработена во болницата во Кичево, извести дека е позитивна на ковид-19.

На надлежните епидемиолози им ги посочив сите лица со кои сум имала контакт, меѓу кои мојот сопруг, кој треба да се тестира утре и мојот син Антонијо Милошоски, со кого имав краток контакт на 22 јуни во нашиот дом во Кичево. На сите колеги медицинари и на сите граѓани кои се позитивни на овој вирус им посакувам што поуспешно да се избориме со оваа пандемија, а пред се со почитување на заштитните мерки и навремено тестирање“ извести Светлана Милошоска на Фејсбук.

Back to top button
Close