Голем интерес за аплицирање за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ во Берово
Голем интерес на бизнис секторот од Берово за аплицирање за мерката 7 за „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“. Како една од првите инфо ИПАРД станици, најголем интерес во рамки на инфо-денот присутните од Берово покажаа за начинот и потребната документација за аплицирање за оваа мерка која претежно ги опфаќа малите бизниси во развој.
– Претставници од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој заедно со петставници од Телото за управување со ИПАРД при МЗШВ, денеска во Берово присуствуваа во рамки на ИПАРД инфо денови, како една од првите општини опфатени со оваа активност. Дел од претставниците од бизнис заедницата покажа интерес за можноста за развој на нови производи во секторите билни екстракти, зачини, колачи, производи од овошје, како и отворање на нови капацитети за развој на туризмот. Во помал обем имаше интерес и за зачувување и промоција на традиционалните занаети, информираа од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Со срествата од оваа мерка од ИПАРД 2, како што наведоа, директно се поттикнуваат вработувањата, а се зголемува и економската активност во руралните средини. Караванот на ИПАРД инфо-деновите што додадоа продолжува и во останатите општини во државата.