УХМР: Земјата зафатена од нестабилна воздушна маса претежно во западните делови

УХМР информира дека попладнево земјата беше зафатена од нестабилна воздушна маса претежно во западните делови.

Во Преспанскиот регион имаше појава на невреме проследено со пороен дожд, грмежи силен ветер и појава на град, велат од УХМР.

Наврнат воден талог до 20 часот (во л/м2): 18 Тополчани, 15 Маврово, 7 Прилеп, 5 Тетово, Битола, Попова Шапка, 3 Претор, 2 Берово.

Удари на ветер (во км/ч): 63 Охрид, 58 Скопје-Зајчев Рид, Битола, 45 Штип.

Back to top button
Close