ДЕМАНТ НА Т.Н. ВЕСТ: „АПАСИЕВ НЕ СЕ ПОЈАВИ НА ДЕБАТА СО ПЕТАР БОГОЈЕСКИ

Почитувани,
Најостро ги демантираме лагите пренесени и изнесени на вашиот портал во т.н. вест со наслов: „Апасиев не се појави на дебата со Петар Богојески“, објавена на 29.06.2020 во 14:44часот.
Како прво, оваа објава е еднострана и пристрасна, односно пренесувате статус од социјалните мрежи од едно лице, кое шири лаги за Димитар Апасиев, а не сте се ни обратиле до нас, односно до Апасиев, за да го потврдите, или аргументирате пренесеното. Имено, пренесениот статус е тотална лага, а за тоа имате доказ и на самите социјални мрежи (одговорот до Телма, зошто Апасиев одби гостување), доколку имате навистина некој новинар за тоа да го види. Но, очигледно вие не работите според новинарски правила и принципи, туку пренесувате лажни информации без и да ги проверите и згора на тоа ги потврдувате како вистина.
Уште еднаш напоменуваме, Димитар Апасиев не го избегна дебатирањето со Петар Богојески (такво гостување веќе имаше претходно, кадешто се виде дека и самиот Богојески нема елементарни принципи и манири за дебата). До ТВ Телма беше испратен одговор за тоа зошто ја одбивме поканата, а истиот одговор беше јавно објавен токму од Апасиев. Во прилог ви праќаме и фотографија од истиот, така што ќе ви биде полесно да го прочитате и објавите.
Апасиев има, и тоа како, што да каже на темите кои беа дадени, но Апасиев нема што да разговара со небитни ликови како Петар Богојески. НаТВ Телма експлицитно им беше кажано дека, се’ додека не го усогласат работењето согласно јасно дефинираните правила во чл. 75-а, ст.1, од Изборниот законик, нашите претставници нема да си го трошат времето на учество во фингирани т.н. дебати, без присуство на претставниците на власта, со кои би можеле директно да ги соочиме нашите аргументи, концепти, идеологии, визии и програми.
Ве молиме нашиот демант, веднаш откако ќе го примите, да го објавите со линк до претходно објавената лажна „вест“: https://libertas.mk/apasiev-ne-se-po-avi-na-debata-so-petar-bogo-eski/.






