Битолски „Транскоп“ почна да сообраќа на линија Битола-Скопје-Битола
– По неколку месечна пауза предизвикана од рестриктивните мерки за заштита од Ковид-19, овластениот меѓуградски автобуски превозник „Транскоп“ АД Битола почна да сообраќа со една линија за Скопје, односно на релација Ресен-Битола-Прилеп-Велес-Скопје и обратно.
Автобуската линија ќе се одржува секојдневно со поаѓање од Ресен во 05:30 часот, од Битола во 06:30 часот, од Прилеп во 07:30 часот и од Велес во 09:10 часот, додека обратната линија од Скопје за Битола е со поаѓање во 13:30 часот.
Од битолски „Транскоп“ информираат дека претходно набавените повратни билети патниците ќе може да ги искористат до 10 јуни и дека превозот на патници ќе се организира според препораките на Министерството за здравство.