Четири скопски општини досега добија градоначалници во првиот круг
ДИК привршува со пребројувањето на гласовите во Скопје.
Според податоците објавени на официјалната веб страна, обработени се 93,81% од гласовите.
Независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Арсовска е во водство со освоени 80.585 гласови. Нејзиниот противкандидат од СДСМ, Петре Шилегов освои 74.437 гласови од граѓаните, што е за 6.148 гласа помалку од Арсовска.
Перо Георгиевски Камиказа од Левица освои 18.937 гласови, а кандидатот на ЛДП/ДОМ, Бени Шаќири има 8.516 гласа.