БНТ на адресата на „Беса транс“ во Ќустендил: Фирмата нема автобуски превоз

 

Станислава Христова, новинарка на БНТ, денеска се упати на адресата во Ќустендил која дел од медиумите ја посочија како адреса на која во Бугарија е регистрирана „Беса транс“ од Македонија, во чиј автобус утрово на автопатот „Струма“ загинаа 46 патници.

Таа на адресата најде постара болна жена. а сопственикот на станот на таа адреса вели дека има совпаѓање на имињата на фирмите, но дека таму регистрираната фирма нема ништо заедничко со автобуски превоз.

Сопственикот на станот во станбена зграда рече дека има „просто совпаѓање на имињата на фирмите, но фирмата која е регистрирана со тоа име се занимава со превоз на стоки и нема ништо заедничко со автобуски превоз“.

Back to top button
Close