Штркот Симо оздраве благодарение на сопружници биолози од Неготино

Животната приказна на штркот, кој беше згрижен по пад од гнездо во обид да го направи првиот лет во животот, е полна со емоции. Таа е доказ дека се уште има човечко во луѓето и оти постои посебна пријателска хемија помеѓу љубителите на природата и екологијата и останатиот животински свет.

Се почнало пред неколку месеци, кога ова младо штркче изглегло од родителското гнездо, со намера да лета низ небесната шир, како и останатите членови од птичјото семејство. Но, од непознати причини, наместо во царството на небесните височини, тоа завршило на улица, удирајќи  во асфалтот. Паднало од гнездото по неуспешниот прв лет.

– Не знаеме како и зошто дошло до падот. За среќа, штркчето останало живо, иако со видливи повреди. Мештани кои живеат во тој дел на градот близу до нас, се погрижиле младата птица да не биде изедена од некое животно или згазена од автомобил. Една недела штркчето беше  згрижено од соседите. Знаејќи дека на неготинска територија долги години функционира регионалното Здружение на граѓани за заштита на природата, „Ековита”, тие го донесоа повреденото душиче кај нас. Ја презедовме грижата за него, раскажа претседателот на Здружението, Сашко Тодоров, за МИА.

Back to top button
Close