Каевски: Апасиев потпишува документи со називот С Македонија само кога му одговара, а инаку тоа го критикува

Лицемерието на Левица, како и секогаш е пуштено на најјако, кога се работи за вас и за вашиот гуру Христијан Мицкоски за да дојдете на власт некои работи не ви пречат, а за да се донесе нешто добро за граѓаните ви пречат, порача пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски, во реплика на говорот на Димитар Апасиев, на вториот ден од собраниската расправа за избор на нова Влада.

Каевски во својата реплика истакна дека лицемерието на Апасиев „нема да помине ниту тука, ниту кај граѓаните“.

„Димитар Апасиев зборуваше за биотероризам, кога граѓаните очекуваа пакети мерки во ова Собрание, во услови кога се соочуваме со пандемија, а тоа не му пречеше кога требаше да „формира“ Влада со својот гуру Мицкоски, а истото се однесува и со Преспанскиот договор, потпишува документи со називот Република Северна Македонија, кога му одговора, а инаку го критикува. Вашето лицемерие не поминува ни тука во Собранието, ни кај граѓаните – додаде Каевски.

 

Пратеникот на СДСМ истакна дека Владата на СДСМ била „подобра од која било Влада досега“, но посочи и дека тоа не е доволно бидејќи, како што вели, „граѓаните заслужуваат и подобро“.

 

 

Back to top button
Close