Во реформите е клучот, а не во „масирање“ на јавната перцепција
Еве како изгледа тоа со пропагандно затрупување на јавноста кога се инсистира само на ширење на негативна енергија, непроверени вести и произволни конструкции кои треба да докажат дека во државава не се случува ништо друго, освен „криминалите на власта“. И тоа само во еден викенд, минатиот…

Прво беше спектакуларната саботна најава дека извесен регионален пробисвет Радоје Звицер, за кого српските власти наводно добиле Европол дојава дека подготвувал атентат врз тамошниот претседател Вучиќ (нормално, вмровските полицајско-безбедносни извори се секогаш импресионирани од заканите врз Вучиќ), имал македонски пасош нелегално издаден пред година-две, во онаа афера „Двојник“ (што ја откри опозицијата) кога паднаа повеќе службеници на МВР кои, за убави пари, штанцале фалц-оригинали на македонски пасоши… Неколку часа потоа, МВР демантираше дека овој едикојси бил „среќен добитник“ на таков пасош. Аферата се издиша уште пред да се надуе, иако дуењето може и да продолжи неделава.
Паралелно течеше јавното „черечење“ на поранешниот градоначалник на Гази Баба Борис Георгиевски кој, според портпаролот на опозицијата Димче Арсовски, додека бил на власт склучил наводно коруптивен договор за одржување на уличното осветлување во општината. По демантите на Георгиевски дека не станува збор за никаков криминал, се испостави дека и сегашниот вмровски градоначалник го продолжил истиот проект, со нова општинска буџетска ставка, а слични проекти се изведуваат и во повеќе други општини во државата, па и во Градот Скопје. Следува кривична пријава за клевета од Георгиевски за Арсовски.
На ред дојде и Демократскиот сојуз на Павле Трајанов (кои одбија да го напуштат тековното владино мнозинство) чиј директор на Јавни паркинзи во градот Скопје наводно издал стотици бесплатни месечни карти за паркирање на функционери од власта. Демократскиот сојуз не само што ги демантираше овие тврдења, обвинувајќи дека се „монструозна конструкција“ потпрена врз ексел-табели кои ги произвеле самите паркинг-активисти на ВМРО-ДПМНЕ, туку најави и тужби за клевета, истовремено потсетувајќи на времето кога токму сегашната опозиција делела годишни карти на своите функционери за по 500 денари, сума што била покачена на 10.000 денари по нивното своевремено губење на власта во Градот.
И така натаму. Секој ден нова наводна криминална афера на власта, спакувана во прашања, сомневања, дилеми… Без докази, но со повици „надлежните институции во државата“ итно да се зафатат со нивно расчистување. Во Јавното обвинителство би требало да се воспостави постојано дневно дежурство на барем еден обвинител кој би постапувал само по прес-конференциите на опозицијата.
…
Колумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја тука






