ЕУ на Гоце

Трагично е што при таков почетен ентузијазам за промени и поддршка за елиминирање на корупцијата, по шест години дојде време најсилниот глас за укажување на корупција да ни биде ВМРО-ДПМНЕ, партијата што не се ни извини за грабежот од епски размери што го направи за време на 11-годишното владеење.
Но, што е уште потрагично, СДСМ упорно ги есапи за непријатели неутралните што не излегоа да гласаат за нив на локалните избори. Тие им се виновни за поразот и продолжуваат да им се лутат и да им се ситат – е сега, видовте кој победи кога не гласате?
Не прифаќаат дека мора да е и до нивното лошо и пред сè некадарно владеење штом успеаја до толку да го ревитализираат ВМРО-ДПМНЕ, за сега од морални височини да им ги брои залаците по кафеани и да им попува за корупција. Па уште и лидерот Христијан Мицкоски изјавува дека „заврши времето кога голтари влегувале во политика, а излегувале како милионери“. Кога заврши тоа време?
На 13 ноември 2018, кога лидерот сосе милионите што ги ограби им се јави на Фејсбук со „Јас сум во Будимпешта сега“? Или дента кога Мицкоски како асистент на Машински факултет кај татко му стана газда на хидроцентрали? ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека Мицкоски се сретнал со рускиот амбасадор Сергеј
Баздникин и му се пожалил дека Македонија „бележи политички и економски застој во поглед на нашите стратешки цели за членство во Европската унија“.
Што ли си помислил амбасадорот на Русија, кога лидерот на најголемата опозициска партија во земја-членка на НАТО му се жалел дека не можеме да влеземе во ЕУ? На вистинско место се пожалил Мицкоски. Баздникин сигурно го утешил во духот на руските класици. Веројатно му рекол: „А мајка ви, што ја баравте во НАТО, ја најдовте ли?“
Целата колумна на Горан Михајловски на СДК. мк






