МВР: „Лев Тахор“ од Куманово се пресели во Скопје. Групата не е опасна и апелираме на толеранција и солидарност
Групата еврејски верници за кои се претпоставува дека се членови на еврејската верска заедница Лев Тахор го напушти Куманово, и во моментот престојуваат во Скопје, изјавиле од Министерството за внатрешни работи за „Слободен печат“.
Лицата за кои прашувате го напуштија Куманово и во моментов се во Скопје. Потсетуваме дека овие лица ги почитуваат законите на Република Северна Македонија, се целосно со легален престој тука, и привремено престојуваат во нашата држава. Наведената група не претставува никаква опасност и апелираме на толеранција и солидарност, велат од МВР.
Инаку, групата на еврејски верници од 5. февруари престојува во градот Куманово. Според Министерството за внатрешни работи, станува збор за 30 лица кои преку скопскиот аеродром влегле во Северна Македонија.