ГАЛЕРИЈА: Повторно црковни обреди без маски и без почитување на мерките за зашита од коронавирусот
На социјалните мрежи денеска беа објавени фотографии коишто се тврди дека се направени денеска во црквата Св. Илија во Аеродром а на кои се гледа како се извршува црковен обред, а на кој присуствуваат повеќе верници меѓу кои и деца.
Никој од присутните нема маска а не се почитуваат ниту другите мерки за зашита од коронавирусот. Не е познато за каков верски настан се работи.