Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека водата од чешмата „Тасино Чешмиче“ не е безбедна за пиење
Тој потенцираше дека според последните бактериолошките анализи од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје, кои биле доставени до локалната самоуправа, водата од левата и десната јавна чешма „Тасино чешмиче“ во Центар не ги исполнува пропишаните стандарди за пиење и во неа е утврден зголемен вкупен број колиформни бактерии.

Герасимовски ги повика граѓаните да не ја користат водата за пиење сè до добивање нови резултати од испитувањата кои ќе покажат дека е безбедна.






