Земјотрес почувствуван во Битола, Охрид и околината, епицентарот во Грција
Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала утрово бил почувствуван во Битола, Охрид и околните населени места. Епицентарот бил во соседна Грција.

Според информациите од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот бил регистриран во 08.47 часот, со локална магнитуда од 4,0 степени според Рихтеровата скала.
-Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 08 часот и 47 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, 140 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML4.0 – информираат од Сеизмолошката опсерваторија






