(Видео) Димитар Бечев: Владата на Кирил Петков нема да падне поради договор и деблокада на С Македонија

Димитар Бечев, предавач на Универзитетот во Оксфорд и член на БИЕПАГ (The Balkans in Europe Policy Advisory Group), во интервју за 360° анализира дека македонско-бугарските разговори се во клучна, критична фаза и дека се брка јунскиот самит на ЕУ. Бечев, кој е одличен познавач на регионалните сосотојби, вели дека за можниот договор владата на Петков ќе плати одредена цена, но таа нема да биде загуба на власта. За руската мрежа која работи против добрите односи меѓу Скопје и Софија, Бечев вели дека отсекогаш постоела и дека таа структура потенцијално би се искористила како оправдување за отстапките кои би ги презела бугарската страна, пред се, во делот на македонскиот јазик

360°: Г-дине Бечев, дали го делите впечатокот дека преговорите меѓу Северна Македонија и Бугарија се во деликатна, можеби, решавачка фаза?

Димитар Бечев: „Немам некоја особена информација одвнатре во владата што се случува, но ми се чини дека разговорите се во завршна фаза бидејќи Самитот на ЕУ во јуни е граница и тоа е некој термин кој мислам треба да се стигне. Затоа мислам дека можеби се е во завршна фаза. Искрено се надевам дека е така.“

360°Од изјавите на премиерот Кирил Петков може да се препознае подготвеност за симнување на ветото за Северна Македонија. Ќе успее ли тој во тоа да ги убеди своите коалициски партнери и претседателот Радев?

Димитар Бечев: „Мислам дека има само еден партнер кој е против тоа – се работи за Бугарската социјалистичка партија (БСП). Што се однесува до другите партнери, да кажеме Коалицијата Демократска Бугарија која е дел од владата – тие се убедени, нема потреба кај нив да се лобира и сега можеби е прашање партијата на Слави Трифонов. Но, очекувам дека тие ќе направат некакво поврзување со други прашања кои се на владината агенда – треба да се избере нов гувернер на Централната банка и сигурно дека ќе има такви, да речеме, зделки. Но, како ќе биде со БСП немам некоја претстава… Сепак треба да имаме предвид дека БСП би загубила на нови избори, партијата нема енергија, нема средства, нема поддршка. Така што, мислам дека тие повеќе сакаат да останат во владата и можеби ќе нема некоја негативна реакција, можеби коалицијата нема да се распадне поради Македонија. Тоа е моето очекување.“    

Целото интервју на  360

 

 

Back to top button
Close