Голем удар за Русија: Воениот крстосувач „Москва“ е сериозно оштетен

Руските медиуми објавија дека рускиот брод „Москва“ е тешко оштетен по експлозија на муниција предизвикана од пожар.

Екипажот на бродот е целосно евакуиран и се води истрага за причините за пожарот на бродот.

„Поради пожарот, муницијата експлодирала на крстосувачот. Бродот е тешко оштетен“, јавуваат од Русија.

Украинските власти претходно се пофалија дека бродот „Москва“ бил погоден од украински ракети.

Back to top button
Close