Потона рускиот воен брод „Москва“  

И покрај оштетувањата од вчерашната екплозија, руското Министерство за одбрана вчера кажа дека бродот е во пловечка состојба, но оти подоцна потонал во морето при враќањето во пристаништето

Рускиот воен брод „Москва“ од Црноморската флота, потона при враќањето во пристаништето, откако вчера беше оштетен при експлозија, соопшти руското Министерство за одбрана, а пренесе Гардијан.

И покрај оштетувањата, руското министерство за одбрана вчера кажа дека бродот е во пловечка состојба, но подоцна потонал во немирното море при враќањето назад во пристаништето.

Во најновото соопштение на руското министерство за одбрана се вели вели дека нивниот ракетен крстосувач „Москва“ потонал во Црното Море во близина на јужна Украина, а сè уште не е јасно дали бродот бил погоден од украинско вооружување.

Во меѓувреме, портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, смета дека инцидентот со крстосувачот „Москва“ само краткорочно ќе влијае врз воениот потенцијал на Русија, со констатација оти руската морнарица има доволно капацитети.

Според Кирби, Русија од почетокот на инвазијата во Украина имала меѓу десет и 20 активни воени бродови во Црното и во Азовското Море, така што е тешко да се процени каков точно ќе биде ефектот од онеспособувањето на овој брод.

„Тие се уште имаат доволен број воени капацитети на море -заклучува Кирби.

Претходно, се информираше оти бродот е тешко оштетен при експлозија која предизвика пожар, до кој, според официјален Киев, дошло откако украинските сили ги испукале своите проектили „Нептун“ кон бродот.

Русија, пак, тврдеше оти до пожарот дошло откако муницијата на бродот експлодирала

 

 

Back to top button
Close