Москва: Приклучувањето на Финска и Шведска во НАТО ќе влијае на мирот и стабилноста во Европа

Приклучувањето на Финска и Шведска во НАТО ќе има негативни последици за мирот и стабилноста во Северна Европа, оцени денеска руското Министерство за надворешни работи.

Портпаролката Марија Захарова рече дека меѓународната политика на  воена неврзаност на Финска и Шведска служи како солидна основа за градење на заемно корисни односи со Русија.

Според Захарова, приклучувањето кон воената алијанса нема да им помогне на Финска и Шведска да ја зајакнат својата безбедност, туку ќе ги доведе до линијата на фронтот.

– Изборот зависи од шведските и финските власти, но тие треба да ги сфатат импликациите од таквиот чекор за односите со Русија и воопшто за европската безбедносна архитектура, која моментално е во криза, додаде таа.

Изјавата доаѓа откако Финска и Шведска соопштија дека разгледуваат приклучување кон 30-члената алијанса по војната на Русија во Украина.

Back to top button
Close