Место со Лавров, Вучиќ се сретна со руски амбасадор во Србија: вонредна конференција во Русија во 13 часот
Шефот на руската дипломатија ќе одржи прес-конференција во 13 часот по московско време.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска се сретна со амбасадорот на Русија во Србија, Александар Боцан Харченко.
За денеска беше планирана посета на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, а според последните информации што ги објави портпаролката на тоа министерство, Марија Захарова, соседните земји на Србија го затворија воздушниот простор за авионот на министерот (поради на санкции)
Шефот на руската дипломатија наместо во Србија, ќе одржи прес-конференција во 13 часот по московско време, соопшти руското Министерство за надворешни работи, пренесува РИА.






