Пушилин тврди дека е завршено деминирањето на Мариупол

Воени експерти го завршија деминирањето на пристаништето Мариупол, соопшти денеска претседателот на самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР) Денис Пушилин.

– Пристаништето е целосно исчистено од мини. Ова се однесува и на територијата и на водите, изјави Пушилин.

Тој информира дека се неутрализирани околу 12.000 експлозивни направи.

Според Пушилин, пристаништето веќе работи и за извоз и за увоз.

– Генерално, извозната компонента во рамките на пристаништето, како и досега, ќе биде металот, јагленот и житото. Што се однесува до увозот, основата е градежен материјал, кој ќе се доставува во големи количини во рамките на програмата за реконструкција на градовите на ДНР, рече тој.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close